Успешно завршен проект: „Музиката како алатка за општествени промени“ финансиран од Амбасада на Република Чешка

Главната цел на проектот беше зголемување на инклузијата на деца Роми и деца од ранливи категории преку спроведување на бесплатни часови по музика. Амбасадата на Република Чешка преку овој проект ја поддржува општата цел на организацијата Рома Рок Скул за овозможување бесплатно музичко образование на талентирани деца Роми и не Роми. Учениците со овој проект имаа можност да се здобијат со познавања на класична музика.

Во периодот од јули до октомври 2021 одржани беа часови за 30 ученици. Учениците ги користеа музичките инструменти донирани од Амбасадата на Република Чешка. Сите од нив беа почетници, но со континуирано вежбање успеаа да научат основи на свирење на различни инструменти. Како резултат беа снимени две композиции во професионално студио – Химната на Чешка Република и Allegro Con Fuoco, New World Symphony од Антонин Дворжак. Двете беа изведени на настанот по повод одбележување на Националниот ден на Чешка Република.

Leave a Comment