ПОВИК ЗА АУДИЦИЈА

Roma Rock School објавува Повик за аудиција за формирање на нов бенд!

На повикот имаат можност да се пријават сите младинци (момчиња и девојчиња) на возраст од 10 – 20 години.

Пријавувањето трае од 7 – 18 март 2022 година.

Пополнете пријава тука.

За формирање на бендот ни се потребни следниве инструменти:
– гитара
– бас гитара
– тапани и перкусии
– клавијатури
– дувачки инструменти
– машки и женски вокали

*на повикот може да се пријават и лица кои свират други инструменти, а не се наведени погоре

Аудицијата за пријавените кандидати ќе започене од 19 – 24 март 2022, а избраните членови ќе бидат објавени на 25 март 2022 од страна на жири комисијата на Roma Rock School.
За аудицијата, кандидатите треба да спремаат:
1. Една песна по свој избор која ќе ја отсвират со помош на матрица

2. Импровизирање на својот инструмент

АКТИВНОСТИ НА НОВИОТ БЕНД:
– Избраните членови на новиот бенд ќе посетуваат два пати неделно БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ по бенд секција со професор и бенд инструктор Неврус Бајрам
– На часовите по бенд секција ќе работат на компонирање на нова авторска песна (текст и музика)
– За истата ќе се снима аудио запис во професионално студио
– Снимање на видео запис/видео спот
Промовирање на бендот на ТВ и социјални медиуми
Финален концерт во септември 2022

БОНУС:

Сите пријавени кандидати кои ќе се пријават на Повикот (без разлика дали ќе бидат избрани да бидат членови на новиот бенд или не), ќе добијат БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ за својот инструмент или друг инструмент кој сакаат да го изучуваат.

Проектот „ Music against discrimination and stereotyping from both, Roma and Non-Roma sides in North Macedonia“ е финансиран од Goethe-Institut Skopje