ПОВИК ЗА АУДИЦИЈА ЗА ВОКАЛИ

Roma Rock School објавува Повик за аудиција за вокали за пеење во бенд.

На повикот можат да се пријават сите младинци (момчиња и девојчиња) на возраст од 10 – 20 години кои сакаат да пејат. Претходно искуство и часови по пеење не се задолжителни.
Пријавувањето трае од 10 до 20 февруари 2023 година.

Пополнете пријава тука.

Аудицијата за пријавените кандидати ќе се одржи на 27 и 28 февруари 2023, а избраните членови ќе бидат објавени на 1 март 2023 од страна на жири комисијата на Roma Rock School.

БОНУС:

Сите пријавени кандидати кои ќе се пријават на Повикот (без разлика дали ќе бидат избрани), ќе добијат БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ по пеење.