Отворен повик за учесници на работилници за превенција на насилство преку музика

Roma Rock School распишува отворен повик за учесници на бесплатни работилници во рамки на проектот Превенција на насилство поттикнато од етничка нетолеранција со помош на музика финансиран од UNDP.

Работилниците се предвидени за млади од 14 до 25 години и целта е стекнување на музички, но и демократски и мултикултурални вештини. Работилниците се држат во простории опремени со инструменти, каде што младите ќе работат на стекнување на основни вештини за свирење на гитара и бас гитара и подготовка на песни. Обучувачи се музичари кои имаат долгогодишно работно искуство со млади.

На крајот на серијата работилници предвиден е и летен камп за млади каде што ќе се презентираат стекнатите знаење и вештини.

Работилниците се предвидени да траат 8 месеци, од јануари до август.

Пријави се тука.

 

Leave a Comment