Отворен повик за фасилитатори

Roma Rock School е во потрага по фасилитатор на работилници во рамки на проектот Превенција на насилство поттикнато од етничка нетолеранција со помош на музика финансиран од UNDP.  Работилниците се предвидени да траат 8 месеци, а кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Искуство во работа со млади од ранливи категории
  • Искуство во работа со млади од етнички мешани средини
  • Искуство во работа на проекти минимум 3 години
  • Поседување искуство во фасилитирање на неформални образовни активности

Работни обвски на фасилитаторот:

  • Подготвување агенда за работилниците и помошни материјали
  • Подготовка на краток опис на активностите
  • Доставување на целосна документација по спроведената активност

Предност имаат кандидатите со искуство во работа со музика.

Заинтересираните кандидати да ги достават своите CV-а на romarockschool@gmail.com

Огласот трае до 18.12.2023.

Leave a Comment