ПОВИК ЗА АУДИЦИЈА ЗА ГИТАРА, БАС ГИТАРА И ТАПАНИ

Roma Rock School објавува Повик за аудиција за гитара, бас гитара и тапани!

На повикот можат да се пријават сите млади на возраст од 17 до 22 години кои сакаат да свират во бенд. Претходно искуство со свирење во бенд не е задолжително.
Пријавувањето трае од 7 до 15 март 2023 година.
Пополнете пријава тука.
Аудицијата за пријавените кандидати ќе се одржи на 21 март 2023.

ПОВИК ЗА АУДИЦИЈА ЗА ВОКАЛИ

Roma Rock School објавува Повик за аудиција за вокали за пеење во бенд.

На повикот можат да се пријават сите младинци (момчиња и девојчиња) на возраст од 10 – 20 години кои сакаат да пејат. Претходно искуство и часови по пеење не се задолжителни.
Пријавувањето трае од 10 до 20 февруари 2023 година.

Пополнете пријава тука.

Аудицијата за пријавените кандидати ќе се одржи на 27 и 28 февруари 2023, а избраните членови ќе бидат објавени на 1 март 2023 од страна на жири комисијата на Roma Rock School.

БОНУС:

Сите пријавени кандидати кои ќе се пријават на Повикот (без разлика дали ќе бидат избрани), ќе добијат БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ по пеење.